Романскиот Трамп ги губи претседателските избори, покажуваат излезните анкети
Според две излезни анкети, во Романија води градоначалникот на Букурешт и независен кандидат Никушор Дан, додека екстремниот десничар Георге Симион заостанува

Изборите во Романија кои со нелагодност ги очекуваше цела ѝ носат здив на олеснување на Европската унија и удар за МАГА следбениците на континентот.
Според две излезни анкети, во Романија води градоначалникот на Букурешт и независен кандидат Никушор Дан, додека екстремниот десничар Георге Симион заостанува.
Сопре егзит полот на Авангарда направен во 20 часот, 60 минути пред затворањето на биралиштата Дан добива 54,9 отсто од гласовите, додека Симион 45, 1. Егзит пол направи и компанијата Курс, во кој Дан има 54,1, а Симион 45,9 проценти.
За конечниот резултат од изборите ќе одлучуваат гласовите од дијаспората, каде биралиштата се затворија во истиот час како и во Романија, во 21 по локално време.
Популистот Симион е критички настроен кон кон ЕУ и воодушевен од Трамп. Дан е центристички независен кандидат. Овиое избори аналитичарите ги нарекоа најважни во посткомунистичката историја на Романија.
Георге Симион, кој е поранешен фудбалски хулиган и ултранационалистички агитатор кој ја гледа својата крајно десничарска партија АУР како „природен сојузник“ на движењето во САД МАГА, лесно победи во првиот круг на 4 мај со резултат од 41%, двојно поголем од оној на градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.
Симион се спротивставува на понатамошната помош за Украина и остро го критикуваше раководството на ЕУ. Иако инсистира дека сака Романија да остане во ЕУ и НАТО, тој би можел да се здружи со Виктор Орбан од Унгарија и Роберт Фицо од Словачка како уште една деструктивна сила.
Изборот на Симион би означил голема промена во романската политика, создавајќи значителни ризици за домашната стабилност, односите Букурешт-Брисел и единството на ЕУ околу Украина.
Излезноста на изборите е голема, околу 63 отсто.