Романија тешко погодена од корона вирусот, нови 555, починати 18


 

Во Романија состојбата со епидемијата во последните 24 часа е загрижувачка, па така тие изброија нови 555 случаи, а починаа 18 пациенти.

Според податоците од страницата Worldometers во Романија се забележани дури 30.175 случаи на заразени од поетокот на епидемијта, а умреа 1.817 луѓе.

Така од 12 март бројот на заболувања кај нив скокна од нула, до 30.000.

Бројот на смртни случаи на дневни ниво се изедначува со оној во април.

Бројот новозаболени од Ковид-19 расте секаде во регионот, како кај нас така и во Црна Гора, Србија, но и Босна и Херцеговина и Хрватска.