Романија е најтешко погодена балканска земја од Ковид-19, денеска 1.365 новозаразени


 

Бројот на новозаразени од корона вирус во Романија денеска порасна за 1.365, на вкупно 91.256, соопшти Стратешката комуникациона група.

Од корона вирус во изминатите 24 часа починаа 44 пациенти, со што бројот на жртви порасна на 3.765, пренесе Аџерпрес.

Во Романија од Ковид-19 оздравеле 39.275 луѓе, а 11.619 асимптоматстки пациенти се пуштени дома по 10 дена откако е утврдено дека биле позитивни на корона вирус.