Романец намерно се изложи на вирусот за да покаже дека мерките се бесмислени


 

Претседателот на романскиот Црвен крст Виорел Катарама е под истрага затоа што намерно се изложил на ризик од зараза со корона вирусот за да докаже дека е бесмислено да се воведуваат рестриктивни мерки во земјата.

Катарама прегрнал маж кој имал ковид-19 во градот Барбулести, кршејќи го правилото за контрола на ширењето на епидемијата, објави канцеларијата на државниот обвинител.

Овој 65-годишник се обиде да докаже дека мерките на социјално дистанцирање се непотребни и дека само прават штета на економијата.

„Длабоко сум уверен дека ништо нема да ми се случи“, напиша Катарама на Фејсбук. Напиша и дека сакал да докаже дека „голема грешка било што Романија че се доведе до банкрот и што се укинати темелните права и слободи“.

„Порано или подоцна оние кои се виновни ќе мора да одговараат за тоа“, вели тој.

Романскиот Црвен крст, но и сопругата на Катарама која е докторка го критикуваа неговиот потег. Не е познато дали тој се заразил со ковид -19.

Во Романија до сега од новиот вирус починаа 926 луѓе, а заразени се нешто повеќе од 15.000. Земјата има околу 18 милиони жители.