Рома претрпе сериозен удар, го загуби Мхитарјан за три недели


Рома претрпе тежок удар откако тимот го загуби играчот од средниот ред, Хенрик Мхитарјан за најмалку три недели.

Ерменецот има повреда која се покажа како посериозна од очекуваното. Излезе дека тој има проблем во тетивата на десниот бут и ќе треба да се лекува во наредните недели пред повторно да им помогне на „римските волци“ на теренот.

Тој се повреди за време на натпреварот против Лече во неделата, во кој неговиот тим оствари успех со 1-0.

Оваа сезона, поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед запиша 7 натпревари на сите турнири, постигнувајќи еден гол и една асистенција.