Рома и Ливерпул се договорија за Ловрен

Дефанзивецот Дејан Ловрен ќе се пресели од Ливерпул во Рома, објави „Лондонскиот вечерен стандард“. Клубовите се согласиле за трансфер на Хрватот ова лето.

Претходно, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го изостави Ловрен од составот за Суперкупот на УЕФА против Челзи.

Ловрен игра за Ливерпул од 2014 година. Досега има настапено на над 100 натпревари за клубот.

Во 2018 година, 30-годишниот дефанзивецот со хрватската репрезентација стигна до второто место.