Ролинг Стоунс го брка рекордот на Битлси: Шест децении со најпродавани албуми


Англија (Ројтерс) – Ветеранските рокери „Ролинг Стоунс“ во петокот уште еднаш беа на врвот на британските топ-албуми, создавајќи историја со тоа што станаа првиот бенд што постигнал албум број еден во текот на шест различни децении, соопшти “Official Charts Company “.

Бендот, кој првпат започна да настапува во 1962 година, отиде директно на првото место со ремастерирана верзија на нивниот албум „Goats Head Soup“, кој првично беше издаден во 1973 година, кога исто така стигна до број еден.

Легендарната група Стоунс, коja сè уште редовно оди на турнеја и покрај тоа што нивните членови, како што се пејачот Мик Џегер и гитаристот Кит Ричардс, имаат полни 70 години, имаат објавено 13 албуми на врвот на топ-листите во Велика Британија, ист број како и Елвис Присли и Роби Вилијамс.

Само „Битлси“ успеаја повеќе со 15, соопштија од “Official Charts Company “.