Ролекс го прекинува производството на десет дена поради коронавирусот


Директорот на светски познатиот производител на часовници, компанијата „Ролекс“, Жан-Фредерик Дифур ги извести колегите дека производството во три нивни фабрики ќе биде прекинато на десет дена.

Дифур изрази надеж дека производството ќе продолжи на 27 март.

– Се наоѓаме во многу сериозна ситуација, им напиша Дифур во порака на вработените.

Одлуката е донесена за да се заштитат вработените и нивните семејства, но и да се ограничи ширењето на Ковид-19.