Рок-ѕвездата Рик Окасек пронајден мртов во стан во Њујорк

Фронтменот на рок-групата „Карс“, Рик Окасек беше пронајден мртов во стан во Њујорк.

Полицијата вчера соопшти дека властите реагирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била констатирана смрт.

Нема знаци на насилство и напад. Причината за смртта на рокерот ќе биде утврдена по обдукцијата.

Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“. Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните.