Родителите лошо го воспитувале момчето убиец од „Рибникар“: треба да исплатат 58.000 евра

Вишиот суд во Белград донесе пресуда во граѓанската постапка што ја покрена наставничката по историја Татјана Стевановиќ, ранета во масакрот во „Рибникар“, против Миљана Кецмановиќ и Владимир Кецмановиќ, за надомест на нематеријална штета.
Миљана и Владимир Кецмановиќ се родители на Коста Кецмановиќ, момчето кое уби девет ученици и чувар во масакрот во училиштето.
Кецмановиќ се должни на Татјана Стевановиќ да ѝ исплатат 6,9 милиони динари (околу 58.000 евра) отштета за нематеријална штета за физичка болка, страв, ментална болка поради намалување на општите животни активности и поради обезличување. Кецмановиќ мора да им платат и законска затезна камата на наставничката по историја почнувајќи од датумот на пресудата, пишува N1.
Судот во образложението на пресудата, меѓу другото, наведува дека иако К.К. во моментот на нападот бил под непосреден надзор на училиштето, обвинетите родители се одговорни за штетата што нивното малолетно дете ја предизвикало, имајќи предвид дека штетата настанала поради неговото лошо воспитување, односно пропуст во воспитувањето и лоши примери кои му ги дале како родители.