Родители, чичковци, внуци, свекор – поради тепачки во семејството многумина завршија во притвор
Десетина случаи на семејно насилство нотира денеска полицискиот билтен, а според пријавите се тепале брачни партнери, снаа и свекор, чичко со внука, брат и сестра…
На 28.08.2026 во 01:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ј.А. (25) од Радовиш, постапувајќи по пријава дека околу 01:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна сестра. Лицето е здржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 11:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода О.А.(37) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата 33-годишна невенчана сопруга. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против О.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 19:10 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода А.К.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 21:35 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица лишија од слобода 23-годишна жена од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, фрлила нож кон нејзиниот свекор. На настанот, според пријавеното во ПО Македонска Каменица, претходела расправија помеѓу жената и нејзиниот сопруг, по што 23-годишната жена прво физички ја нападнала својата свекрва, а потоа и фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата, по што тој ја удрил со тврд предмет. По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 28.08.2026 во 00:10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А. (23) од тетовско, по претходна пријава од неговата вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал, а потоа и се заканувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријави дека околу 13:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир во Скопје, била физички нападната од нејзиниот чичко И.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2026 во 23:30 часот на ул.„Бутелски Венец“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа И.М.(29), П.М.(27), С.М.(49) и Ф.М.(48), сите од Шуто Оризари, постапувајќи по претходна пријава дека околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.М.(29) и П.М.(27) од една страна и неговиот чичко С.М.(49) и Ф.М.(48) од друга страна, сите од Шуто Оризари. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.