Родители бараат учениците да не носат маски


Фото: Независен весник

Место задолжително, носењето маска во училиште да биде препорака, за родителите да имаат избор, дали детето ќе носи маска или не, бараат група родители, кои потпишуваат онлајн петиција „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“.

-Здравјето на нашите деца е сериозно загрозено и нема да може да си опростам доколку имаат последици поради нашата инертност! Не може безгрижно да се прославуваат нови години, журки и забави додека децата се гушат со маски за време на училишните часови – ова го велат родителите кои покренаа иницијатива за потпишување на онлајн петиција „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“. 

Од иницијативата бараат носењето маски во училиштата од задолжително да се сведе на препорака и родителите да имаат право на избор, а ваквото барање до проследија до надлежните. 

Предлагаат и засилена контрола при детектирање на болни деца, но строго се противат на скрининг и тестирање на дневна основа, бидејќи сметаат дека тоа ги трауматизира децата дополнително во оваа пандемија. 

 

Групата родители, која засега, брои околу 900 луѓе, велат дека доколку не им се уважи барањето ќе излезат на протести на улиците.