Роденденска „згоѓа“ за Ахмети во кабинетот на Груби


 

Кој пее зло не мисли. Туку се грижи за иднината на својот народ.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прослави 65 години живот во омиленото место за некакви „згоѓи“ – канцеларијата на првиот вицепремиер Артан Груби. Тројца музичари, еден гостин, Груби во улогата на фотограф, а Ахмети весел и распеан.

„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството на неговите плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби на Фејсбук.

Откако два месеци речиси исчезна од јавната сцена и откако Талат Џафери ќе го заземе местото на технички премиер (за кое Груби се подготвуваше три години) вицепремиерот го угости неговиот партиски шеф и пратеник. За да се развеселат за роденденот и тој повторно да се врати во јавниот дискурс. Не се знае само дали била послужена торта или некои ситни колачи.