Род Стјуарт со сопругата пристигна во Дубровник


Хрватска– Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ објави дека поп-ѕвездата Род Стјуарт (75) е во Дубровник.Британскиот музичар пристигнал со својата трета сопруга Пени Ланкастер (49). Двојката се шетала по Страдун иако врнело дожд.

Каде ќе престојува и колку дена-не е познато. Последниот концерт во Хрватска му беше во Загреб пред две години кога не му беше лесно. Тогаш му бил дијагностициран рак на простата од кој се излечил по две години терапија.

Голема поддршка му е Пени со која има две деца. Пред две недели прославија 13 години брак. Од претходните врски и бракови Род има уште пет деца.

Сер Род Стјуарт е меѓу најпродаваните музичари на сите времиња, со продадени 120 милиони албуми во светот. (Gloria.hr)

Рос Стјуарт лани со сите сопруги