Род Стјуарт позираше со четирите мајки на неговите деца


Род Стјуарт (74) направи историска фотографија со четирите мајки на неговите седум деца. Фотографијата е направена за време на четириесетиот роденден на неговата ќерка Кимберли Стјуарт.

Британскиот музичар позираше со актуелната сопруга Пени Ланкастер, какои со трите бивши сопруги, Алана Стјуарт, Рејчел Хантер и Кели Емберг.

Алана е неговата прва венчана сопруга и е мајка на Кимберли и Шон. Во брак беа една деценија до 1984 година. Потоа, Род беше во врска со моделот Кели Емберг и со неа ја имаат ќерката Руби. Неговиот втор брак се случи во 1990 година со манекенката Рејчел Хантер и со неа има две деца Рене и Лиам. Неговиот трет брак е вклучен во 2007 година со манекенката Пени Ланкастер и со неа ги има Аластир и Аиден.

Фотографијата со мајките на социјалните мрежи ја сподели Кели Емберг и напиша „спојување на мајките, среќен роденден Кимберли“.