Rochas ја суспендира машката линија заради коронавирусот


Backstage at Rochas Homme Men’s Fall 2020

Франција – Rochas одлучи да го суспендира производството на машка облека повторно по три сезони под креативната палка на  Федерико Куради, заради коронавирусот.

Модната куќа во сопственост на „Интерпарфумс“ ја започна линијата во 2019 година, по лажниот старт под Беатрик Феран, поставувајќи го своето прво шоу на модните писти на официјалниот календар на Модната недела во Париз, само минатиот јануари.

„Интепарфумс“, со оглед на општата состојба, со жалење одлучија да ги прекинат сите активности во врска со колекциите на облека кај Rochas, се вели во изјавата во Париз, подружница на Интер Парфумс АД, од Њујорк.

Rochas во декември се раздели од креативниот директор за женска мода  Алесандро Дел Аква, кој за време на шестгодишниот мандат го искористи своето конструктивно наследство со неговиот потпис за да долови истовремено гламур и графика во креациите на францускиот луксузен бренд. Тој уште не е заменет со друг директор.

Куради, роден во Фиренца, започна сопствена етикета за носење мажи во јануари 2016 година во Пити Умо. Тој претходно работел како шеф на машката колекција на Роберто Кавали; креативен директор во Ајсберг,и креативен директор за Пеутереј, меѓу другите.

„Мојата цел е да создадам силуета што е инстинктивна и реална – тоа е она што јас се обидувам да го сторам“, изјави тој за WWD за неговата колекција есен 2020 година, последна за Rochas

Облеката за мажи на Rochas првпат беше ставена во мирување во 2017 година, откако Интерпарфумс се раздели со Феран по само две сезони како главен на облеката за мажи. Феран, кој и се придружи на етикетата како уметнички директор во септември 2016 година, имаше задача да ја воскресне облеката за мажи на Rochas по 22-годишен пауза.

Interparfums ја купи модната и парфемската етикета Rochas од Procter & Gamble Co. во 2015 година за 108 милиони долари. Основана во 1925 година од Марсел Роша, куќата беше под креативно раководство на Марко Занини од 2008 до 2013 година и Оливие Тискенс од 2002 до 2006 година, кога модната линија беше моментално затворена.