Роби Вилијамс вели, се молел, и симптомите исчезнале


САД– Поп-ѕвездата Роби Вилијамс прозборе за неговата самоизолација од семејството и тврди дека неговите симптоми  „исчезнале“ откако се помолил.

Вилијамс се врати во Лос Анџелес минатиот месец по посетата на Австралија и отиде во само-карантин далеку од семејството, откако почуствувал симптоми слични на оние на коронавирусот.

Додека ѕвездата на едни од најубавите балади во поп-музиката бил во самоизолација, неговата сопруга Ајда и нивните четири деца, ќерката Теодора (7),  синот Чарлтон (5), ќерката Колет (18 месеци) и едномесечниот син Бео, биле во семејниот  дом.

„Молите се  и медитирајте за да се исчезне смртоносниот вирус, кој е поврзан со смртта на илјадници ширум светот, вели Роби.

„Можев да почувствувам дека телото ми станува летаргично, уморно и се убедив дека ќе добијам коронавирус. Се симнав на колена и се молев. Размислував за мојата сопруга и семејството.

„За 30 секунди почувствував вибраци и симптомите и стравот исчезнаа, раскажува пејачот.