„Роберт Кох“: Можно е 400.000 заразени Германци дневно до Божик


Германија би можела до Божик да има дневен биланс од над 400.000 заразени со корона вирус, доколку продолжи на дневно ниво да се зголемува бројот на заболени од Ковид-19, изјави член на Институтот „Роберт Кох“ од Берлин.

Неговата изјава доаѓа само еден ден по воведените нови рестриктивни мерки во Германија.

– Новите мерки можат да го спречат ширењето на вирусот, истакна Ларс Шаде, потпретседател на Институтот „Роберт Кох“, кој е главна институција во Германија која се бори против коронавирусот.