Роберт де Ниро пред банкрот: Короната и екссопругата финансиски го уништија


САД- Актерската легенда Роберт Де Ниро изјави дека коронавирусот го уништил финансиски до тој степен може да застане на нозе само ако заработи 7,5 милиони  долари оваа година.

Финансиската состојба на Де Ниро беше откриена за  време на неодамнешната судска битка со неговата екссопруга сопруга Грејс Хајтауер, (се разведоа 2018) откако таа поднесе барање за зголемување на месечната граница за кредитни картички „American Express“ од 50.000 американски долари на 100.000 американски долари, откако добитникот на Оскар ѝ ја намали.

Де Ниро бил принуден да го преполови месечниот додаток на Хајтауер, инсистирајќи на тоа дека откако рестораните Нобу и хотелот Гринич, во кој има удели, беа делумно затворени за време на пандемијата на коронавирус и не носеа приход.

Нобу за само два месеци изгубил близу 5 милиони американски долари, па затоа морал да плати на инвеститорите 500.000 американски долари.

„Дури и тоа мораше да позајмува од деловните партнери, затоа што тој едноставно „нема пари“.Тој ќе има среќа ако направи 7,5 милиони американски долари оваа година, изјави адвокатот на актерот.

Де Ниро најверојатно ќе заработи само 2,5 милиони американски долари во текот на следните неколку месеци и години, бидејќи снимањето на филмот  Killers Of The Flower Moon е одложено поради пандемијата.

Судскиот совет на Врховниот суд во Менхетн на крајот му дозволи на Де Ниро да ја задржи границата за кредитна картичка на 50.000 американски долари месечно, но му нареди да ѝ плати Хајтауер 75.000 УСД за да може да најде летен дом за неа и нивните две деца, 8-годишната Хелен и 21-годишната Елиот.