Робен: Имам понуди од цел свет, подготвен сум да продолжам да играм


По крајот на сезоната, Аријен Робен ќе го напушти Баерн Минхен. Холанѓанецот стана легенда на „Алијанц арената“, каде што играше 10 години.

Откако порано во сезоната стана јасно дека неговиот договор нема да биде обновен, тој сега е слободен да побара нов тим. До крајот на шампионатот во Германија има уште еден круг, во кој Баварците можат да ја освојат титулата, но Робен веќе размислува за својата кариера по Баерн.

– Се уште сакам да играм на највисоко ниво, но тоа зависи од повредите. Не ми требаат повеќе повреди за да ме вадат долго време од теренот или такви, кои се за кратко. Мислам дека можам да играм уште четири или пет години, но да немам повреди. Јас сум навикнат да играм за тимови кои се борат за титулата, мислам дека нема да бидам корисен во тимови кои се на шесто или осмо место на табелата. Во моментов има многу понуди за мене, како од Европа, така и од целиот свет, изјави Робен за „Кикер“.