РК Вардар остана без тренерот на голманите Периќ


Тренерот на голманите Дејан Периќ и Вардар 1961 спогодбено го раскинаа договорот, објавија денес „црвено-црните“.

– Периќ доби понуда со одлични финансиски услови во Бундеслигата и сакаше да замине, а нашиот клуб не правеше проблеми да го реализира овој трансфер. Пријателите секогаш остануваат во нашите срца. Ти благодариме што беше дел од нашето семејство, стои на фејсбук-профилот на Вардар.

Периќ беше дел од втората шампионска титула на Вардар и последните титули во СЕХА Газпром лигата.