Рјабков: САД долго развиваат крстосувачки ракети од среден дострел
Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков денеска изјави дека тестирањето на крстосувачката ракета, со дострел забранет со Спогодбата за нуклеарните сили од среден дострел (ИНФ), укажува дека Вашингтон веќе долго развиваат такви системи.
-Тешко дека може да има појасна и поексплицитна потврда на фактот дека САД веќе долго развиваат вакви системи, а подготовките за откажување од спогодбата вклучуваа, посебно, релевантно истражување и развој, рече Рјабков за Тасс.
Тој додаде дека Русија нема да биде вовлечена во трка за вооружување и порача дека Москва и натаму не планира да распореди ракети, освен доколку САД тоа први не го сторат, додавбаат британските меидуми.
Си-Ен-Ен синоќа пренесе дека американската армија тестирала конвенционална крстосувачка ракета земја-воздух. Станува збор за тест што ќе беше забранет од ИНФ, но пред извесно време спогодбата престана да важи.
Пентагон соопшти дека ракетата била истрелана во неделата од островот Сан Николас, во Калифорнија, и прецизно погодила цел на одалеченост од 500 километри.
Претставниците на Пентагон наведуваат дека ракетата служи за носење конвенционална, а не нуклеарна боева глава.
САД се повлекоа од Спогодбата за забрана на ракети од среден и мал дострел со Русија, откако со години наназад ја обвинуваше Москва за нејзино прекршување со распоредување на ракети С СЦ-8, што можат да носат нуклеарно полнење .
Спогодбата по САД, од пред неколку дена, ја напушти и Русија.