Рјабков му предлага на Вашингтон размена на затвореници


Заменикот на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков денеска ги повика САД да го ослободат рускиот пилот Константин Јарошенко и да го разменат за кој и да е американски државјанин кој е затворен во Русија.

Јарошенко е пилот кој служи казна од 20 години поради обид за криумчарење кокаин во САД.

– Ослободете го Јарошенко, разменете го за Американец или Американци кои овде служат затворски казни, истакна Рјабков.