Рита Ора заглави во Бугарија поради прекинот на летовите


Рита Ора
Бугарија-Британската пејачка Рита Ора, која е во Бугарија за да снима спот за нејзиниот нов сингл, стана жртва на прекинатите летови кон Велика Британија, објави „Дејли меил“. Пејачката е загрижена дека нема да може да се врати дома за Божиќ, бидејќи бугарската влада ги прекина сите летови до 31 јануари 2021 година по веста дека е откриен нов вид на Ковид-19 во Англија.

Непосредно пред тоа, таа беше вмешана во скандал околу организирана забава за нејзиниот 30-ти роденден. Полициските службеници отишле во ресторанот „Каза Круз“ откако добиле информации за потенцијално кршење на правилата за заклучување воведени поради Ковид-19. На забавата имало околу 30 лица.Прекршувањето предизвика бурна реакција, а пејачката јавно се извини, признавајќи дека постапила „неодговорно“.

Според информиран извор, Рита Ора се соочува со можноста да остане во Бугарија за непознат временски период.