Рита Ора се омажи за 15 години постариот режисер Таика Ваитити


 

Англија– Поп ѕвездата Рита Ора и режисерот Таика Ваитити се венчале на интимна церемонија во Лондон по повеќе од една година врска. Триесет и едногодишната британска пејачка по потекло од Косово веќе го променила презимето и отсега ќе биде Ваитити-Ора.

Ора и 15 години повозрасниот оскаровец во изминатите денови беа снимени со златен прстен на рацете, што ги засили шпекулациите дека веќе се венчале.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

 

 „Тоа беше многу интимна и суперспецијална церемонија. Иако е јавна личност, Рита е посветена да го чува својот приватен живот што е можно повеќе и затоа не сакаше венчавката да биде голема вест“, изјави извор близок на двојката за „Сан“.

Ора и Ваитити ја почнале врската во март 2021, а се свршиле пред два месеца.

Пејачката со косовско потекло претходно беше во врска со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа има две ќерки.

Таика оби огромно признание од критиката во 2017 за  Thor: Ragnarok, додека Jojo Rabbit од 2019 година – кој Ваитити го продуцираше, го напиша сценариото и глумеше – заработи шест номинации за Оскар, освојувајќи го за најдобро адаптирано сценарио.

Рита Сахатчиу Ора (31)  е родена во Приштина. Била бебе кога бегајќи од војната родителите се преселиле во Лондон каде што Рита ќе се прослави како пејачка, актерка, судија во натпревари за музички таленти, ТВ-водителка и манекенка. На музичката сцена дебитира во 2012 година со албумот „Ора“ и веднаш се искачи на врвот на музичките топ-листи кога музичката кариера почнува да ѝ ја води американскиот могул Џеј Зи. Пред да глуми во второто и третото продолжение на „Педесет нијанси сиво“, ја посетувала актерката школа на Силвија Јанг. Во соработката со „Адидас“ се обиде и како дизајнерка. Сестраната Рита, Косово во 2015 ја прогласи за почесен амбасадор.