„Рисовите“ пристигнаа во Варшава, пречекани како ѕвезди


Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Варшава, каде што в недела ќе го одигра својот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против домашната Полска.

Нашите најдобри фудбалери на аеродромот во главниот град на Полска беа пречекани како ѕвезди, фанови бараа да се фотографираат и да добијат автограми од македонските репрезентативци кои настапуваат во силни лиги, и добро им се познати на полските љубители на фудбалот.

После триумфот над Словенија, во мислите на „рисовите“ е изненадување во Варшава, а доколку им се исполни желбата да победат против најсилната селекција во групата, тогаш ќе бидат блиску до Европското првенство кое следната година ќе се игра во 12 различни земји