„Римац“ ќе развива и произведува батериски системи за БМВ


 

„Римац технолоџи“ (Rimac Technology), производител на електрични погонски системи и батериски системи за светските производители на автомобили, влезе во долгорочно партнерство со БМВ (BMW Group).

„Римац“ ќе развива и произведува високонапонски батериски системи за возила на БМВ кои ќе се користат во идните генерации на модели планирани за втората половина на 2020-тите.

Со испорака на големи количини напредни батериски системи, компанијата „Римац“ преминува во следната фаза – развој и производство на технологија за проекти во големи серии.

Соработката со БМВ претставува значајна пресвртница за „Римац“, бидејќи претставува најголем и најамбициозен проект што компанијата го имала досега.

Овој развоен чекор бара воспоставување сложени и големи автоматизирани производни линии за батерии, кои ќе бидат лоцирани во новиот кампус „Римац“ во близина на Загреб. Значителен дел од кампусот ќе биде посветен на овој проект, што ја нагласува посветеноста на компанијата за партнерство со групацијата БМВ.

Мате Римац, основач и извршен директор на групацијата „Римац“, рече: „Моето деловно патување започна со BMW Серија 3 од 1984 година што го претворив во електричен автомобил во мојата гаража кога имав 20 години, што е интересна врска до сегашното партнерство. со BMW Group. Оваа соработка означува клучен момент во растот на „Римац технолоџи“ и е јасен знак за преминот од снабдувач на производи со високи перформанси за модели од мали серии (како Aston Martin Valkyrie, Pininfarina Battista, Rimac Neverа итн.) во производител со големи капацитети за проекти како што е овој со BMW Group. Со континуиран раст на нашиот бизнис, вклучувајќи го и отворањето на кампусот Римац, подготвени сме да испорачаме големи проекти за водечките брендови во автомобилската индустрија. Проектот со BMW Group е еден од првите големи проекти за нас, но договараме уште многу слични зделки“.