Ријана сподели фотографија од Елена Ристеска: Колку убава кожа имаш!


Светски познатата Ријана на социјалната мрежа „Инстаграм“ сподели фотографија од нашата пејачка Елена Ристеска. Ријана е сопственик на компанијата за козметички производи „Фенти бјути“ и на официјалниот инстаграм-налог на компанијата сподели фотографија од Елена Ристеска со коментар: „Како твојата кожа изгледа толку добро?“.

Компанијата на Ријанам на „Инстаграм“ ја следат на 8 милиони следбеници.

Ристеска на фотографијата е нашминкана од познатиот мејк ап-артист Даниел Николовски со кого најчесто соработува.