Ријад покажа „докази“ за иранска вмешаност во нападите од викендот

Саудиското Министерство за одбрана денеска покажа остатоци од дронови и  проектили, за кои тврдат дека ја докажуваат вмешаноста на Иран во саботните напади врз саудиски нафтени постројки.

Меѓу другите делови, портпаролот на Турки ал-Малки покажа и наводно крило на ирански дрон.

– Информациите што ги извлековме од компјутерот на дронот покажуваат дека тој е ирански, рече тој на прес-конференција.

Министерството тврди дека 18 беспилотни летала и седум проектили погодиле цели од насока што го исклучува Јемен. Според него, детали за локациите од кои биле лансирани тие дронови и проектили се уште не можат да бидат објавени.

Одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути, кои ги поддржува Иран. Техеран негира дека е вмешан и предупредува дека ќе одговори на каква било воена акција.