Ричард Гир се присети на тешките времиња: Гладував на почетокот на мојата кариера


Познатиот актер Ричард Гир неодамна откри детали од тешкиот период од неговиот живот пред славата.

Имено, актерот Гир неодамна присуствуваше на гала церемонијата по повод 40-годишнината од City Harvest во Њујорк, каде во изјава за медиумите зборуваше за важноста на оваа хуманитарна организација.

„Мојот главен оброк беа јајцата. Излегувањето во ресторани не ми беше реално. Тоа беа тешки и очајни времиња. Во текот на седумдесеттите години на минатиот век, гладував како актер на самиот почеток на мојата кариера. Имав среќа да работам, но тогаш немаше многу актери кои заработуваа пари“, објасни Гир.

Тој исто така потсети дека актерите во тоа време заработувале помалку и дека, за жал, тоа е нормална појава, особено за оние актери кои почнале да ја градат својата кариера во Њујорк. Тој изјави и дека храната е животна неопходност која многу луѓе не можат да си ја дозволат.

Заедно со другиот водител на оваа гала вечер Тајсон Бекфорд и здружението City Harvest успеа да собере околу 5 милиони американски долари за сиромашните граѓани на Њујорк.