Ричард Бренсон продава акции од „Вирџин Галактик“ вредни 500 милиони долари

„Вирџин Галактик“ се натпреварува за превласт во вселенскиот туризам со „Спејс Икс“ на Елон Маск и „Блу Ориџин“ на Џеф Безос

Милијардерот става на продажба повеќе од 20 отсто од акциите за да и помогне на авиокомпанијата и на другите делови на групацијата

 

Сер Ричард Бренсон ќе продаде акции од „Вирџин Галактик“ во вредност од 500 милиони американски долари со цел да ги поддржи авиокомпанијата и другите негови бизниси кои беа погодени корона кризата, пишува „Гардијан“.

Во изјавата за Њујоршката берза, „Вирџин Груп“ на Бренсон соопшти дека има намера да продаде 25 милиони акции преку серија трансакции што предизвика пад од 5 отсто на цената на акциите на „Вирџин Галактик“ за време на пред тргувањето на берзата.

Акциите, кои сочинуваат нешто повеќе од една петтина од уделот на милијардерот во бизнисот со вселенскиот туризам, вредат 500 милиони американски долари по нивната претходна цена од 20 долари за акција. „Вирџин“ поседува 81 отсто од „Виеко 10“, преку која го продава уделот во сопствениста и ќе собере околу 400 милиони американски долари од продажбата, а остатокот ќе оди во Абар, инвестициски фонд во Абу Даби.

„’Вирџин’ има намера да ги искористи средствата за да го поддржи своето портфолио на глобалните бизниси за разонода, одмор и патувања кои беа погодени од влијанието на Ковид-19, велат од компанијата.

Секторите за одмор и туризам се особено погодени од пандемијата, откако владите ширум светот воведоа строги ограничувања за патувања за да го намалат ширењето на вирусот. Ставањето под мраз на глобалното патување влијае на низа компании од „Вирџин груп“, вклучувајќи го и Вирџин Атлантик, како и бизнисите за патувања, крстарењата и деловните активности во хотелите. Колапсот во воздушниот сообраќај ја втурна „Вирџин Австралија под принудна управа ставајќи го „Вирџин Атлантик во сериозни финансиски тешкотии.

Невољите на „Вирџин Атлантик особено беа нагласени овој месец кога превозникот објави дека планира да се повлече од аеродромот „Гетвик“ и дека ќе го намали бројот на работни места за една третина. На авиокомпанијата, во која Бренсон сè уште има мнозински удел од 51 отсто, и се потребни итни инвестиции, но исто така бара и некаков облик на државна финансиска помош додека авионите остануваат приземјени.

Бренсон е седми најбогат човек во Велика Британија со проценето богатство од 4,7 милијарди фунти

Барањето за помош предизвика бројни реакции, при што луѓето укажаа на огромното лично богатство на Бренсон како потенцијален извор на финансирање за спасувањето на компанијата. Иако авиокомпанијата не беше профитабилна во последните години, таа во минатото бележеше заработка, но во последните три години беше во црвено.

Од друга страна „Вирџин Галактик, никогаш не оствари профит и беше под притисок поради последователните одложувања на нејзините планови да однесе туристи во вселената за 202.000 фунти по патување. Минатата година Бренсон изјави дека се надева првото патување да го направи „за неколку месеци, а не по неколку години“, откако обезбеди 60 милиони фунти депозити – по 100.000 фунти од секој од 600-те клиенти.

Вирџин Галактик се натпреварува за превласт во вселенскиот туризам со проектот „Спејс Икс“ што го започна основачот на Тесла, Елон Маск и потфатот „Блу Ориџин“ на чело со шефот на „Амазон“, Џеф Безос, најбогатиот човек во светот.

Во октомври, Бренсон преку берзата обезбеди 450 милиони американски долари преку спојување со „Соушал капитал Хедософија“, инвестициски фонд управуван од поранешната извршна директорка на „Фејсбук“, Чамат Палихапитија.

На инвеститорите им беше понудена можност да купат акции по цена од 12,34 долари, со што акциите пораснаа на над 20 долари заклучно со петокот.

Како и при продажба на акции во „Вирџин Галактик“, Бренсон изјави дека ќе го стави под хипотека неговиот приватен остров на Карибите за да собере пари со кои ќе и помогне на својата деловна империја.

Бренсон, кој е седми најбогат човек во Велика Британија со проценето богатство од 4,7 милијарди фунти и кој живее во даночниот рај на островот Некер во британските Девствени Острови последните 14 години, вети во блог-пост дека „ќе собере што е можно повеќе пари за може да спаси што е можно повеќе работни места“.