Рибина чорба на бразилски начин: Најдобро посно предјадење


Рибината чорба на бразилски начин се подготвува со бакалар и кокосово млеко. Има богат вкус и е одлично предјадење за зимските денови.

Можете да направите рибина чорба со леќа и да добиете здраво и вкусно јадење. Рибната чорба на бразилски начин се подготвува со кокосово млеко со додавање на коријандер. Одлично предјадење за Божиќниот пост.

Состојки:

450 гр бакалар
2 супени лажици сок од лимета
сол по вкус
бибер по вкус
2 супени лажици маслиново масло
3 чешниња лук
1 лута пиперка сечкана (по избор)
1 чаша домати исечени на коцки
1 зелена пиперка исечкана на коцки
1 црвена пиперка, исечкана на коцки
1 главица кромид
грст сечкан коријандер
1 китка магдонос
1 лажичка мелен коријандер
1 конзерва кокосово млеко
1,5 лажици доматна паста

Подготовка:

Бакаларот за рибната чорба наредете го во поголем сад, посолете, ставете бибер и покријте со сок од лимета. Оставете во фрижидер 15 минути да се маринираат. Додадете масло во големо тенџере и загрејте на средна топлина. Додадете мелено лукче и лута пиперка, па динстајте околу 1 минута. Додадете ги сечканите домати, па зелените и црвените пиперки, исечканиот кромид, а потоа маринираниот бакалар. Зачинете ја рибната супа со коријандер, магдонос, мелен коријандер, сол и бибер. Покријте со кокосово млеко и додадете ја доматната паста во рибата супа. Кога рибата супа ќе зоврие на средна топлина, намалете ја температурата и варете уште 15 минути. По желба украсете со сечкан магдонос.