Рибари во Грција уловиле ајкула тешка 330 килограми

Грција – Вид на ајкула тешка околу 330 килограми, уловиле рибарите во близина на грчкиот град Кавала, објавија локалните медиуми.

Според истите информации, станува збор за вид кој често е на мета на риболовците и е речиси загрозен вид пред истребување, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека не е јасно дали ајкулата случајно се заплеткала во мрежите пуштени од специјалниот брод за риболов или била намерно уловена.