Рибакина против Швјонтек во финалето на турнирот во Торонто


Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто.

Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2.

Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки.

Во финалето, Рибакина ќе се соочи со Ига Швјонтек од Полска, која ја победи Украинката Елина Свитолина со 6:3, 1:6 и 6:3 во полуфиналето.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 7,4 милиони долари.