Рибакина: Не се чувствувам како победничка на Вимблдон


Нешто повеќе од еден месец откако на теренот на Ол Ингланд клуб ја освои својата прва грен – слем титула во кариерата, 23 – годишната казахстанска тенисерка Јелена Рибакина изјави оти не се чувствува како победничка на Вимблдон, бидејќи за тоа не е наградена со бодови на ВТА листата.

– Сонував да го освојам Вимблдон. Штета што не се чувствувам како победничка на Вимлбдон, им изјави Рибакина на новинарите во Њујорк каде се подготвува за настап на последниот годинашен грен – слем турнир.

Женското тениско здружение (ВТА) и Здружението на тениски професионалци (АТП) оваа година одлучија турнирот во Вимблдон да не се бодува, бидејќи британските организатори им забранија настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки поради инвазијата врз Русија.

Во нормални околности, триумфот на Вимблдон на Рибакина ќе и донесеше 2.000 бодови и моментно шесто место на ВТА листата, но казахстанската тенисерка сега е 25. рангирана.