РФМ ја исплати наградата на репрезентативците за настапите на Мундијалот


 Ракометната федерација на Македонија денес ја исплати наградата во износ од три милиони денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство 2025.

Македонската репрезентација настапи во Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето.

Во првиот сегмент од Мундијалот, Македонија ремизира со Унгарија, загуби од Холандија и ја победи Гвинеја. И во Главната групна фаза забележа победа (Катар), реми (Австрија) и пораз (Франција). 

Ракометарите го задржаа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на деветти последователен ракометен Мундијал