РФМ доби казна од ИХФ и предупредување дека може да играме без публика на СП
Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) парично ја казни Ракометната федерација на Македонија поради однесувањето на навивачите за време на вчерашниот дуел со Холандија на Светското првенство во Вараждин.
Фановите од трибините реагираа бурно во финишот од средбата поради катастрофалното судење на данските арбитри Мадс Хансен и Јеспер Мадсен па на теренот полетаа тврди предметни и шишиња со вода.
РФМ доби и предупредување од ИХФ дека ако ваквите инциденти се повторат, тогаш на македонските навивачи ќе им биде забранет влез на трибините на следните натпревари.
Парична казна доби и локалниот хрватски организациски комитет поради безбедносни пропусти. Трибината зад клупите на играчите и записничкната маса на следните натпревари ќе биде затворена за публика. Од ИХФ се заканија дека салата во Вараждин може целосно да биде затворена за публика до крајот на Светското првенство доколку се повтори сличен инцидент.