Резултати за 4 дена без чувство на глад: Диета која потикнува здраво варење и губење на тежината
Исклучително здраво јадење кое ја поттикнува работата на цревата и го забрзува метаболизмот.
Пченкарното брашно содржи голем број на хранливи материи. Ова брашно е одличен извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин. Исто така, може да се пофали со висока содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.
Качамак или палента содржи доволно минерали, хранливи материи и витамини кои му се неопходни на нашиот организам. Палентата е одлична за ослободување од вишокот килограми, бидејќи влијае и на добро и здраво варење.
100 гр палента содржи околу 380 калории. Неговиот состав содржи само природни материи, па затоа неговите јаглехидрати и липиди се позитивни за човечкото тело, пишува espreso.co.rs.
Диета со палента 4 дена:
Понеделник
Појадок: 100 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица
Ручек: 100 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат
Вечера: 100 гр палента, шолја кефир
Вторник:
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица
Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат
Вечера: 100 гр палента, шолја кефир
Среда:
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица
Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат
Вечера: 200 гр палента, шолја кефир
Четврток:
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица
Ручек: 300 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат
Вечера: 200 гр палента, шолја кефир
Како правилно да се подготви палентата:
Додадете ја палентата во посолената вода што се варела, брзо промешајте да не се згрутчи, а потоа можете да ги измешате свежо изматените јајца.