Режисерот Антонио Митриќески добитник на државната награда  „Св.Климент Охридски”


Фото од Фејсбук профилот на Антонио Митриќески

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ги соопшти добитниците за 2023 година, за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија

Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2023 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Одборото за доделување на наградата.