Револуција на пазарот на недвижности – луѓето бегаат од градовите, цените паѓаат


 

Недвижностите во светот рекордно поевтинија поради корона вирусот, за цели 30 отсто, наведува агенцијата за консалтинг „Најт Френк“.

Од почетокот на март експертите забележале раст на понудата на вили и апартмани со попуст од 30 осто – главно во Франција и во Италија.

Многу објекти се ставени на продажба и порано, но сега се продаваат со попуст.

Меѓутоа, расте побарувачката за вили надвор од градовите, посебно во Лондон и во Њујорк, додека на Кипар популарните вили и апартмани за изнајмување, заради затворање на хотели.

Посебно популарно е склопување договори без лично присуство, а пример со учество во миграционите програми. Главно во државите од Карипскиот басен: Гренада, Антигва и Бермуди, Сент Китс и Невис.

Медиумите, повикувајќи се на агенти, пишуваат дека богатите во Русија преминале да живеат во летниковци, бегајќи од корона вирусот. Во март, бројот на купопродажни договори на московската елита за куќи надвор од Москва пораснал за 12 отсто во однос на истиот период лани.