Ревија „Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ на 29 октомври во Скопје


„Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ е насловена модната ревија што ќе се одржи на 29 октомври, во 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје.

Настанот го организираат македонскиот велком центар „Добредојде“ и амбасадата на Велика Британија во Македонија.

“Добредојде” Macedonia Welcome Centre (DMWC) која веќе 10 години работи на полето на културна дипломатија во рамките на својата програма за промовирање на македонската традиција и култура оваа година во месец септември (крај на месецот) или октомври ( почеток на месецот), а сега веќе традиционално по трет пат, организира модна ревија чија основна интенција е промоција на македонскиот моден потенцијал.

По првата со наслов „Made in Macedonia: Современ дизајн накитен со минатото”

Fashion show “Made in Macedonia: Contemporary Design Embellished by the Past.”

и втората под име “Made in Macedonia: Почетоци и Еволуција”

DMWC Fashion show “Made in Macedonia: Origins and Evolution,” 2018

каде се промовираа македонските етаблирани дизајнерски имиња, годинешната тема е артикулацијата на македонските  реномирани модни куќи  како своевиден омаж на современата домашна текстилна индустрија. Целовечерната гала модна  ревија се предвидува да биде колаж од најпознатите македонски модни брендови кои би се претставиле со по 5 аутфити од актуелните колекции.

Во склоп на овој настан ќе бидат поканети  300-та гости како домашни  така и странски преставници од меѓународната заедница  кои престојуваат и живеат во Македонија.

Настанот е поддржан од Министерството за култура , а оваа година, во соработка со Британската Амбасада  модното шоу ќе биде отворено од Н.Е. г-ѓа Рејчел Галовеј, Британски Амбасадор во Македонија.