Ресторан, фитнес и спа-центар преку тајна шахта си крадел струја во Тетово
По претходни контроли во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди тешка кражба на електрична енергија. Објектот работи како ресторан, спа центар, фитнес центар и салон за убавина, извести Елекртодистрибуција.
Како што објавија, констатирано е противправно користење на електрична енергија преку специјално изработена подземна шахта и директно неовластено приклучување на нисконапонски кабелски вод.
Од страна на Електродистрибуција се преземени мерки и е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 3.459.428,00 денари.