Решенија за изолација за 366 лица, 125 со изјави за самоизолација, 643 не носеле маски


Фото: Б Грданоски

На 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.