Решението за енергетската криза е во сопствено производство, вели Азески


Енергетската криза која удри директно врз граѓаните и државата е затоа што е недоволно домашното производство на електирчна енергија. Ако во изминатите 30 години се работело на оваа поле, денеска кризата немаше да биде толку голама, дури повеќе забележителна и од Ковид кризата, забележа претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески.

-Кај нас во делот на енергетиката увозната зависност од 50% не е променета 31 година. Веројатно заради недавање приоритет на тие инвестиции кои требаше да одат кон тој сектор. Тоа е лош пример и кризата не удри да ни покаже дека не можеме така да се однесуваме. Сега треба да знаеме дека државата мора да има решение, решението се наоѓа во сопственото производство оти е најевтино и најзначајно за компаниите и да има фонд за такви удари коишто ќе може да се интервенира, вели Азески.

При денешната посета на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Азески одгововараше и на новинарско прашање, кој е ставот на комората за иницијативата „Отворен Балкан“. Тој вели дека „Отворен Балкан“треба да функционира на рамноправни основи, што ќе овозможи развој и на македонските компании.

-Јас го подразбирам на конкретен начин. Да, трите држави да ги отвориме границите, ама да ми овозможите мене да отворам 10 хотели на Јадранско море во Албанија, да ми одобрите 20 наши маркети да се појават на пазарот во Србија, да овозможиме конкурентност од нивна страна, ама на фер основа. Да овозможиме мобилност на работната сила, ама да ја овозможиме со контролни механизми кои нема да направат хаос, додаде Азески

Заради решавање на прашањето за обезбедување на високо стручен кадар за потребите на бизнисот, Стопанска комора потпиша меморандум за соработка со штипскиот Универзитет, што ќе овозможи и реализација на заеднички проекти финансирани од домашни и странски институции.