Републиканец кој почина од ковид-19 победи на изборите во Северна Дакота


Републиканец кој почина од ковид-19 победи на изборите во Северна Дакота.Toj ja  освои функцијата владин функционер иако почина пред скоро еден месец од компликации предизвикани од инфекцијата со ковид-19.

Дејвид Андал почина на 55-годишна возраст на почетокот на октомври. За неговото место ќе се најде замена во редовите на републиканците.

Во Северна Дакота, има голем пораст на бројот на нови инфекции со коронавирусот во текот на минатиот месец. Андал и уште еден републиканец освоија две места во Северна Дакота, а Андал успеа да освои околу 36 проценти од гласовите.