Републиканците бараат 60 милиони долари донации за финансирање на судските постапки

Републиканците бараат од донаторите 60 милиони долари за финансирање на судските тужби на претседателот Доналд Трамп поврзани со американските избори, изјавија два неименувани извори.

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужби во неколку градови по изборите што се одржаа на 3 ноември, на кои поради долгото броење на гласовите се уште не е прогласен победник.

Барањето за донации е во момент кога Трамп и демократкиот кандидат Џо Бајден се подготвуваат за потенцијално долга судска битка за изборите.

Трамп веќе изгуби неколку судски постапки во сојузните држави каде се уште трае пребројувањето на гласачките ливчиња.

Трамп ја почна кампањата со голема финансиска предност, но Бајден од 1 до 14 октомври собра околу 130 милиони долари, околу трипати повеќе од Трамп, кој доби приближно 44 милиони долари.

Бајден во синоќешното обраќање во кое нагласи дека иако „се уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна: Ќе победиме во оваа трка”.

Бајден во моментов е во водство во клучните држави Пенсилванија, Џорџија и Невада, каде продолжи пребројувањето на гласовите.