Репризата на претседателските изборите во Романија на 4 мај
Владејачката романска коалиција денеска соопшти дека одлучила претседателските избори да се одржат на 4 мај, а по потреба и втор круг гласање на 18 мај, откако Уставниот суд ги поништи резултатите од претседателските избори одржани во ноември минатата година.
Парламентарните избори во Романија се одржаа на 1 декември и на нив победија коалицијата на Социјалдемократската партија (ПСД), Национал-либералната партија (НЛП), Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (УДМР) и претставниците на националните малцинства, пренесува Аџерпрес, наведувајќи дека денеска се одржала првата средба на лидерите на коалициските партии во 2025 година.
– На овогодишниот прв состанок на коалицијата, политичките партии се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 4 мај, а вториот на 18 мај, се наведува во соопштението на коалицијата.