„Репортери без граници“: Независните медиуми се на работ на исчезнување во Бугарија


Бугарија е на 111. место на скалата на слободите на медиумите, најдолу од сите членки на ЕУ и подолу од повеќето држави од Западен Балкан (Фото: ЕПА)

Медиумската организација со седиште во Париз во 10 препораки пред изборите предлага решавање на „ужасната состојба со слобода на печатот во Бугарија“

 

„Репортери без граници“ во средата (10 март) објавија список со 10 препораки за решавање на, како што ја нарекоа, „ужасната состојба со слобода на печатот во Бугарија“ неколку недели пред изборите што треба да се одржат на почетокот на следниот месец.

Медиумската организација рече дека владата на Бојко Борисов не ја направила слободата на печатот приоритет и, исто така, ги насочи препораките до политичките партии и бугарската јавност со цел да се активираат дебати и да се претвори слободата на печатот во изборно прашање пред изборите на 4 април.

Предлозите, кои се движат од подобрување на безбедноста на новинарите и нивно заштита од вознемирување преку правни канали, до подобрување на финансирањето и пристапот до информации до медиумите што ги почитуваат етичките стандарди и размислување за кратење на државните средства на оние кои не го прават тоа.

Вакво предупредување пред изборите во земја-членка на ЕУ е прилично невообичаено за надзорната организација за слобода на печатот со седиште во Париз.

Сепак, Бугарија е невообичаен случај, трета година по ред го зазема 111-то место во Светскиот индекс за слобода на печатот на „Репортери без граници“ – рангирана далеку под која било друга земја-членка на ЕУ и полошо дури и од земјите кандидати од Западен Балкан.

 „Слободата на печатот достигна ќор-сокак во Бугарија и независните медиуми се на работ на исчезнување“, изјави за „Еурокатив“, Павол Салаи, шеф на бирото на „Репортери“ за ЕУ и Балканот.

„Овие парламентарни избори даваат можност за акција од страна на домашните политички сили и секој гласач што е загрижен за слободата и квалитетот на медиумите“, додаде тој.

„Репортери без граници“ изрази жалење што предлогот на групата, доставен лично до Борисов пред една година, за создавање на независна национална комисија за подобрување на слободата на печатот во Бугарија досега не беше послушан.

Бугарските медиумски професионалци честопати се предмет на судско и економско вознемирување, вели групата, додека на медиумите кои се критични кон владата им се забранува државно рекламирање и пристап до информации.

Јавните радиодифузери страдаат од политичко мешање, додека некои приватни медиуми често се користат за нанесување репресалии, со малку внимание на новинарската етика.

Во 2020 година, „Репортер без граници“ регистрираше бројни случаи на насилство врз новинари во Бугарија поврзани со нивната работа, додека властите се мачеа да одговорат. (Еурактив)