Реонот на Студенчишта без струја, се работи на санирање на дефектот


Екипите на Електродистрибуција интервенираат за решавање на проблемот со снабдувањето со електрична енергија во реонот Студенчишта. Меѓу корисниците опфатени со овој дефект се и пумпи за вода со што очекувани се и можни прекини во водоснабдувањето во поголем дел на Охрид.

Како што информират од ЕВН, дежурните екипи ќе останат да работат на терен се до целосно санирање на дефектот и воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија на корисниците од овој реон.