Рент-а-кар индустријата речиси запре – што значи тоа за производителите и за купувачите на автомобили

Компаниите за изнајмување автомобили се во голема невоља. И тоа е уште еден удар за веќе погодената автомобилска индустрија

 

Во нормални времиња, компаниите за изнајмување автомобили учествуваат со 10 отсто или повеќе во купувањето нови автомобили во САД – околу 1,7 милиони до 1,9 милиони купени автомобили минатата година. Но, ова не се нормални времиња. Далеку од тоа.

Компаниите за изнајмување автомобили две третини од приходите ги остваруваат на аеродромските локации. Со намалувањето на летовите за 94 отсто во април и мај, според податоците за патниците што минуваат низ контролните пунктови, многу е помал бројот на оние кои имаат потреба да изнајмат автомобил.

И поголемиот дел од не-аеродромските бизниси доаѓаат од клиенти чии автомобили биле вклучени во несреќи, при што осигурителните компании плаќале дел или целата сметка за изнајмување. Но, со намалувањето на возењето, несреќите исто така се намалени толку многу што осигурителните компании доброволно им вратиле на клиентите повеќе од 7 милијарди американски долари премија.

Значи, компаниите за изнајмувани автомобили имаат сериозни тешкотии.

Купувањето автомобили запре, распродажба на возила од плацовите

„Херцкој пријави банкрот во петокот вечерта, веќе соопшти дека нема намера да купува повеќе автомобили оваа година. Таа во април не ги плати ратите кон заемодавачите кои го имаат под закуп поголемиот дел од нејзината флота во САД. Компанијата изнајмува под брендовите Херц, „Долар и „Трифти“.

Ривалот „Авис Буџете во подобра финансиска форма, но исто така губи пари. Во март ги намали плановите за купување нови автомобили до крајот на годината за 80 отсто.

Иако речиси ги стопираа набавките, двете компании, заедно со „Ентерпрајс“, се заглавени буквално со стотици илјади непотребни автомобили.

Паркинзите на спортските локалитети во Јужна Калифорнија, како што се стадионите „Доџерс и Ангел, се преполни со автомобили за изнајмување, оставајќи впечаток дека се е распродадено, дури и без да се одржуваат натпревари, покажуваат фотографиите во Лос Анџелес Тајмс.

Но, тие автомобили нема да останат таму. Во наредните недели и месеци компаниите веројатно ќе продаваат значителен дел од проценетите 1,5 милиони автомобили што ги имаат во нивните американски флоти, според експертите.

„Ним не им требаат. Потребни им се пари“, вели Џеф Шустер, претседател за глобално предвидување во компанијата за автомобилски истражувања ЛМЦ.

„Херц“ кој пријави банкрот во петокот вечерта, веќе соопшти дека нема намера да купува повеќе автомобили оваа година

Проблеми на пазарот на половни автомобили

„Веројатно ќе има барем стотици илјади автомобили за изнајмување што ќе се продаваат на пазарот на половни возила“, изјави Зо Рахим, менаџер во „Кокс аутомотив“. Тој вели дека е тешко да се знае колку ќе бидат големи кратењата.

„Херц соопшти дека на почетокот на март продале 41.000 автомобили од својата флота во САД и уште 13.000 автомобили во Европа, но запирањето на аукциите на користени автомобили и затворањето на многу дилери ја прекинаа продажбата. Тешкотијата да се продолжи со продажба на автомобили е една од причините што ја наведе како причина за нејзиното поднесување барање за банкрот. Авис Буџет соопшти дека веќе ја намали својата флота во САД за 35.000 возила во првата половина на март.

Но, јасно е дека како што ќе се враќаат во нормала каналите за продажба на користените автомобили, така и компаниите за изнајмување автомобили ќе планираат да ја намалат големината на нивните флоти. Авис Буџет соопшти дека очекува неговата флота во Америка да биде намалена за 20 отсто до крајот на јуни, споредено со претходната година.

„Мислам дека пазарот на користени автомобили се подготвува за прилив на возила што ќе ги намали цените и ќе изврши притисок“, вели Шустер.

Удар врз продажбата на производителите на автомобили

Ваквиот пад на цените на половните автомобили ќе наштети на продажбата на нови автомобили на неколку различни начини.

Пред се, за некои купувачи кои имаат намера купат ќе создаде алтернатива за набавка на новите автомобили. Сега тие можат да купат нов модел, со релативно мала помината километража за дел од цената на нов автомобил. И, тоа е лоша вест, особено сега со толку многу потенцијални купувачи кои се соочуваат со финансиски неуспеси за време на пандемијата „Ковид-19“.

„Постои поголема популација која ја разгледува вредноста на користените возила“, вели Рахим.

И, додека пониските цени за користен автомобил може да бидат добри за купувачите на половни автомобили, тоа е лоша вест за купувачите на нови автомобили. Може да ја намали вредноста на нивната купувачка. Исто така, може да ги зголеми трошоците за закуп на ново возило, чија цена вклучува пресметка за вредноста на автомобилот на крајот на закупот.

„Сето ова е меѓусебно поврзано“, вели Шустер. „Тоа влијае на она што ќе го купат потрошувачите“.

И ништо од тоа не е добро за производителите на автомобили, кои веќе се борат со проблемите за враќање на производството преку Интернет, откако ги затворија фабриките во САД речиси два месеци.

Продажбите кон компаниите за изнајмување автомобили обично се меѓу оние со најниска маргина од производителите на автомобили, особено во споредба со купувачите на мало кои имаат поголема веројатност да платат повисоки цени.

Но, додека продажбата за компаниите за изнајмување автомобили „не мора да биде најпрофитабилна, тие го придвижуваат пазарот и создаваат готовина што е потребна сега“, вели Шустер. (Си-Ен-Ен)